Пресврт во случајот Монструм - обвинителството бара укинување на пресудата доживотна казна

Укинување на првостепената и второстепената пресуда и враќање на предметот „Монструм“ на повторно одлучување побара јавната обвинителка Лилјана Спасовска на денешната јавна седница  на која се разгледуваа жалбите за доживотните затворски казни, кои на осудените им ги изрече Основниот суд, а ги потврди и Апелацискиот суд.

Барањето на јавниот обвинител кое беше проследено со аплауз е поради неутврдена фактичка состојба, но и поради евентуално постоење на прислушувани разговори кои би можеле да го сменат текот на постапката.

Петтемина обвинети беа осудени на доживотен затвор за петкратното убиство кај Смилковското езеро,  кое се случи на 12 април 2012 година.

Таткото на едно од загинатите деца кај Смилковско езеро, во емисијата „Во центар“ на Васко Ефтов уште минатата година тврдеше дека обвинетите се убијците.

 

 

 

03.10.2017 - 19:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега