Масовна тепачка попладнево во Кавадарци

Тепачката во Кавадарци била за место за продажба на пиперки, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, за групната тепачка која се случи попладнево на градскиот пазар во Кавадарци.

– Во тепачката учестувале две групи. Двајца браќа од Росоман и тројца браќа од кавадаречкото село Шивец. Случајот се води како нарушување на јавниот ред и мир, вели Додевски.

 

Веднаш реагирала и Брзата помош од градот.

​- Бидејќи еден повреден се жалел на болки во главата и е неопходно негово набљудување бидејќи последици можат да се јават и подоцна, пренесен е во кавадаречката општа болница, во свесна состојба. Таму продолжува следењето на неговата здравствена состојба, изјави д-р Вера Соколова, началник на Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Кавадарци

 

 

 

03.10.2017 - 19:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега