Карфиолот не е само за во туршија - ова се здравствените придобивки од него

 

Сите ние сме навикнати вкусниот карфиол да го користиме само за во туршија, а не сме свесни дека може да се најде на трпезата како вкусен гарнир.

Овие неколку причини ќе ве натераат карфиолот да го вклучите во неделната исхрана:

Нутритивен профил

Карфиолот е многу богат со витамини од групата Б како тиамин, рибофлавин, ниацин, пантотенска и фолна киселина.

Карфиолот исто така, му ги обезбедува на организмот важните омега-3 масни киселини и витамин К. Извор е и на протеини, фосфор, манган и калиум.

Антиоксидант и моќен фитонутритиент

Карфиолот поседува вистинска ризница на антиоксиданси и фитонутритиенти. Тој е богат со витамин Ц, бета-каротин, кемферол, кверцетин, рутин, канелена киселина, како и уште многу други.

Антиоксидантите му обезбедуваат на организмот заштита против канцерогеното и оксидативно дејство на слободните радикали.

Здрав мозок

Овој прекрасен зеленчук е извор на холин, (витамин B4) и игра важна улога за здравјето на мозокот.

Добро е холинот да се зема за време на бременоста, за да се зголеми мозочната активност на бебето во утробата. Ова ги зголемува когнитивните функции во иднина. Покрај тоа, холинот ја потиснува ранливоста на мозокот од губење на меморија во подоцнежната фаза од животот.

Превенција на рак

Сулфорафонот, кој се наоѓа во карфиолот, е спој на сулфурот, што ги уништува клетките на ракот и на тој начин го намалува ризикот од развој на туморска маса или проширување на постоечката.

Антиинфламаторни својства

Прекрасните корисни материи во карфиолот помагаат за намалување и на воспалителните процеси во клетките, освен сите други здравствени придобивки. Индол-3-карбинол е антиинфламаторно соединение кое делува на генетичко ниво и помага во спречување на воспалителните реакции во клетките и ткивата.

Дигестивниот систем

Една чаша варен карфиол му нуди на организмот околу 3,35 г диететски влакна. Тие ја подобруваат функцијата на дигестивниот систем и помагаат за отстранување на токсините и отпадните материи.

Карфиолот содржи гликоафин – соединение кое има заштитна функција во однос на слузницата на желудникот. Исхраната богата со гликорафин го спречува желудникот да стане подложен на хеликобактери пилори – бактерија предизвикува чир и рак на желудникот.

Регенерација на ткивото

Карфиолот е исклучително богат со витамин Ц, што е од суштинско значење за регенерирање на ткивото. Овој витамин е неопходен за синтеза на колаген – протеин кој се користи од страна на организмот за изградба и обновување на кожата, сврзното ткиво, тетивите и лигаментите.

 

 

 

06.10.2017 - 23:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега