Попова: Додека Заеви и Анѓушеви купуваат огромни индустриски комбинати, нашите деца немаат учебници
СДС го уништува образованието. СДС создава вистински хаос во образовниот процес. Четириесет дена по почетокот на учебната година се уште нема учебници за учениците во голем број на основни училишта низ државата, вели Ирена Попова на денешната прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ.
-Додека Заеви и Анѓушеви купуваат огромни индустриски комбинати по багателни цени, нашите деца немаат учебници од кои што треба да учат и да ја следат наставата во основните училишта. Неодговорната влада на СДС ги остави основците без учебници. Недостасуваат 2.674 учебници во основните училишта во општина Карпош, 6.446 во Аеродром, 10.203 во Прилеп, 4.067 во Гевгелија, 3.489 во Гостивар, 5.880 во Кисела Вода, 1.044 во Маврово и Ростуше, 150 во Василево, 160 во Новаци, 485 во Кочани, недостасуваат учебници во скоро сите општини низ државата. И додека владата одвојува десетици илјади евра за набавка на алкохоли, морски плодови и апетисани за министерствата и органите на државната управа, не може да одвои минимални средства за печатење на учебниците кои се средство за учење на нашите деца, потенцира Попова.
Таа додава дека образованието е во огромен хаос, поради неодговорноста на владата на СДС. СДС го девалвира образованието и за 4 месеци колку се на власт стопираа голем број на проекти и скратија 1.5 милијарди денари од буџетот наменет за образование.
-СДС во текот на кампањата за парламентарните избори ветуваше подобри услови во образованието и подобрување на образовниот процес, сега гледаме дека нема ни основни средства за учење низ училиштата. Тоа е ефектот од владеењето на СДС. СДС ветуваше многу за образованието, а не направи ништо. Се што направи СДС за македонското образование е кратење, стагнирање и блокирање. Македонското образование е последното на листа приоритети на оваа расипничка, неодговорна и неграѓанска влада. Младите, нивниот правилен раст и развој се небитни за СДС. Единствено нешто што им е важно на СДС и врхушката на власта е како да ги наполнат своите и сметките на своите фирми. Оваа неодговорна влада на СДС си поигрува со иднината на нашите деца. Граѓаните ќе го казнат СДС за сета неодговорност на претстојните локални избори на 15-ти октомври, истакна Попова.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа