Колариќ: СДС се исмева со стравот на граѓаните по прашањето за населување на мигранти
СДС се исмева со стравот на граѓаните по прашањето за населување на мигранти. Од СДС велат дека мигрантите биле само во нашите глави, но граѓаните не забораваат дека и за други прашања пред неполна година велеа дека тоа е само во нашите глави а денеска гледаме како се реализираат прашањата за кои предупредувавме, истакна Светлана Колариќ на денешната прес-конференција од ВМРО-ДПМНЕ.
-На 15-ти октомври граѓаните ќе треба да се изјаснат за тоа каква политика да се спроведува во нивната општина. ВМРО-ДПМНЕ нуди конкретни и проекти кои ќе го подобрат целокупниот живот на граѓаните во целата држава. Од другата страна, СДС, покрај говорите за ветер и магла, не ја кажуваат вистината со што ќе се соочат граѓаните во идниот период. Според стратегијата на Мила Царовска, во Македонија треба да се населат 150 илјади мигранти во следниве општини: Охрид, Куманово, Кавадарци, Битола, Прилеп, Кочани, Радовиш, Гази Баба, Центар, Аеродром, Неготино, Дојран, Богданци, Гевгелија и Штип, вели Колариќ.
Таа потенцира дека ова се 17-те општини во кои граѓаните побараа да се изјаснат на референдум за населувањето на мигранти во нивната околина. Заев најбрутално им го скрати ова право. Тоа се случува само поради стравот на Заев паралелно со локалите избори, граѓаните да се изјаснат и за прашања за кои сметаат дека се важни за нивната лична безбедност.
-Граѓаните не го забораваат ваквото диктаторско владеење на Заев и ваквата тоталитаристичка политика која ја спроведува СДС. Затоа, ДА, референдум ќе има, референдум ќе бидат претстојните локални избори на 15-ти октомври кога граѓаните ќе ги казнат СДС за сето она што и го направија на државата, за сето понижување и малтретирање на граѓаните, тоа ќе биде референдум на кој граѓаните ќе кажат НЕ за политиката на Заев и за политиката на неговата влада, истакна Колариќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа