Гелова Стојанова: СДС ветуваше живот за сите, а пристигна живот само за бизнис партнерите на Заев

 

Кога кандидатите за градоначалници од редовите на СДС говорат за гасификација на општините, тие говорат за гасификација која ќе функционира по системот воспоставен во Струмица. Во градот каде Зоран Заев ја спроведе гасификацијата, граѓаните плаќаат најскап гас во цела Европа, потенцира Соња Гелова Стојанова од ВМРО-ДПМНЕ.

-Иронично и дрско е најевтиниот енерегенс на граѓаните да им го наплатувате поскапо и од електричната енергија. Заев, преку фирмите на неговите соработници и роднини, злоупотребувајќи ја функцијата градоначалник, создаде милиони кои ги извлече од џебовите на струмичани продавјаќи им гас од партиските фирми. Човекот кој ветуваше живот за сите во Македонија, доделувал тендери на фирма во сопственост на неговиот татко и чичко Пане Заев и Љупчо Заев. Доказ за злоупотребата на Општината и непотизмот кај Заев е фирмата ЗОВИ-ПРОМЕТ од Струмица, која доби тендер за набавка на прехранбени и хигиенски производи во вредност од над 3 милиони денари од Јавната општинска установа „Детска радост“ – Струмица, рече Гелова Стојанова.

Таа потенцира дека оваа фирма до минатата година, од Заев добила 7 тендери со вкупна вредност од над 30 милиони денари.

-Кога Заев вели дека Македонија ќе ја направи како Струмица, граѓаните знаат дека планира во Македонија да цвета непотизмот, корупцијата и злоупотребата на функцијата. Ветуваа живот за сите, а пристигна живот само за бизнис партнерите на Заев, за сите останати пристигна помрачување. Додека манипулираа со ветувања за 500 евра плата, а платите ги намалија, Заев и неговите соработници инкасираа милиони на своите сметки. Остануваат уште три дена до 15-ти октомври, денот кога на СДС ќе му биде испорачана казната од граѓаните за ваквата погубна политика, истакна Гелова Стојанова.

 

 

 

12.10.2017 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега