Филмска кражба во скопска продавница - вработените и купувачите лежеле на земја

Грабеж како на филмовите се случил вчера во една скопска продавница. Според информациите на полицијата, вчера во 21 часот во Единица за информации и команда Скопје било пријавено дека во продавница на ул. „Бранислав Нушиќ“ три непознати маскирани лица извршиле разбојништво над вработените.

Сторителите со закана со пиштол на вработените и купувачите им наредиле на легнат на земја, по што одзеле околу 50.000 денари од дневниот промет и побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

13.10.2017 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега