Подметнат пожар во ресторан во Скопје

Во 10.00 часот вчера З.Р. од Скопје се јавил во полиција и пријавил дека во времето од 01.00 до 08.00 часот во селото Долно Свиларе-Скопје во ресторан „Те Конаку“ негова сопственост, засега непознати лица фрлиле пластично шише со непозната течност, при што предизвикале пожар.

Од пожарот опожарен е дел од надворешна фасада, прозор, агол од покривна конструкција и дел од украсна завеса.

Пожарот сам се изгаснал.

Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.  

 

 

 

14.10.2017 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега