Трагедија во Скопје: Статива падна врз младо момче, веднаш починало

Бизарна трагедија ја потресе Македонија, кога вчера во 14. часот момче од Куманово почина во Скопје. 

Полицијата информира дека во 17. часот примиле повик од Градската општа болница “8-ми Септември“ дека кај нив бил донесен 19-годишниот Б.С. од селото Ропалце - Куманово, кој во 14 часот и 30 минути  со приватно возило бил донесен со тешка повреда на главата.

Имено, околу 14.00 часот додека Б.С. бил на стадион во селото Сарај-Скопје, се фатил со рацете за стативата од голот, истата се скршила, Б.С. паднал, а врз неговата глава паднала стативата.

Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

 

 

 

14.10.2017 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега