Погледнете што се случува на патиштата низ Македонија

 

 

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во моментов се одвива по суви коловози. Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија - Удово и Катланово-Велес.

На патниот правец Маврово- Дебар (Р409) кај Бошков мост сообраќајот се одвива по две коловозни ленти (каде е направен бајпас додека траат санациите на оштетената коловозна лента). Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, а на учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Известување за движење на патниот правец Скопје-Македонски Брод преку н.п. Јасен, од 01.04.2013: Скопје-Македонски Брод од 06:30-09:00 и 16:00-18:00 часот / Македонски Брод-Скопје од 05:00-06:00 и 18:30-20:00 часот.

На патниот правец Гостивар-Охрид-Гостивар од 1 јули 2013 на сила стапува ограничениот режим на движење за тешки товарни возила над 7,5 тони. Ограничувањето на движењето е во следните периоди: петок од 15.00-24.00 часот, сабота и недела 07.00-24.00 часот. Овој режим на движење ќе важи до 1 септември 2013 година.

Во сила е забраната за движење на тешки товарни возила на подрачјето на Град Скопје. Забраната важи во временски период од 10 до 20 часот и ќе трае се до 01.09.2013 година.

Се воведува времена измена на режим на сообраќај на државните патишта во Република Македонија, во период од 01.07.2013 до 31.08.2013. Се забранува сообраќај на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Забраната за деновите од викендот: во петок од 17:00 до 22:00 часот; сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство за здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати и превоз на опасни материјали. За регулирање на сообраќајот и воспоставување на изменетиот режим, е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

27.08.2013 - 08:17

најчитано сега