Јаневски се извини за синоќешниот пораз на Вардар: „Јас сум виновен“

 

Фудбалерите на македонскиот шампион Вардар синоќа на „Филип Втори“ во Скопје го претрпеа третиот пораз на третиот натпревар од групнта фаза во Лига Европа.

Македонскиот шампион одигра бледа партија против Реал Сосиедад и загуби со убедливи 6:0.

„Ова е тежок пораз за мене, за играчите и за клубот. Примивме гол од првата закана, потоа имавме шанса да израмниме, но не успеавме. Потоа тие започнаа да играат и покажаа класа. Шпанците играат вакви натпревари секоја недела и тоа се забележа на теренот. Им се извинувам на гледачите за поразот, јас сум виновен за денешниот дебакл. Жал ми е. Уште еднаш им се извинувам“, изјави Чедомир Јаневски.

 

 

 

20.10.2017 - 09:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега