Собранието и денеска ќе ја продолжи 69. седница
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 69. седница.
На дневен ред е Предлог-законот за задолжување на М-НАВ АД Скопје со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем по Проектот за надградба на македонскиот систем за воздухопловна навигација - втора фаза без државна гаранција, по скратена постапка.
Пратениците треба да ги разгледаат и измените и дополнувањата на Законот за студентскиот стандард, на Законот за Бирото за развој на образованието и на Законот за учебници за основно и средно образование, сите по скратена постапка.
На денешната седница е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште, во прво читање.
27.08.2013 - 08:29