ВМРО-ДПМНЕ: СДС се заплеткува во сопствените лаги, овие избори беа најнерегуларни во независна Македонија
СДС продолжува да лаже и да се заплеткува во сопствените лаги. Изборниот процес во Република Македонија се одвиваше во тензична атмосфера со прекин на гласањето на повеќе избирачки места и со низа нерегуларности како: инциденти, закани, уцени, и поткуп, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-СДС со овој начин на криминално делување фрли црна дамка на изборниот процес во Македонија. СДС со ништо не ги демантираше фактите и доказите кои ги предочи ВМРО-ДПМНЕ, а кои беа објавени во медиумите, од кои јасно се гледаше како се вршел изборен поткуп, сигнализираа на закани и уцени од страна на власта. Во голем број на избирачки места е направен т.н. бугарски воз со што се полнети гласачките кутии со ливчиња однапред заокружени за кандидатите за градоначалници и советници од СДС, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ и се додава:
„СДС продолжува со оваа криминална политика и врши изборен поткуп за време и на вториот круг од локалните избори, за што сведочат информациите објавени во медиумите. Со враќање на правната држава и демократијата во Македонија, СДС и нејзините партиски активисти кои ги кршат законите и вршат изборен криминал ќе се соочат со кривична одговорност за своите криминални дејствија“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа