ВМРО-ДПМНЕ во име на граѓаните: Тие се чувствуваат оштетени од Договорот со Бугарија

 

Граѓаните на Република Македонија се чувствуваат како оштетена страна на Договорот со Бугарија и мора да им се дозволи да го кажат мислењето за овој штетен договор, рече утрово на прес конференција Златко Перински, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Водени од интересот на граѓаните и нивните барања ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе до Собранието на Република Македонија предлог за организирање на референдум, на кој граѓаните на Република Македонија ќе се изјаснат за Договорот за пријателство и добрососедство со Република Бугарија. Ваквата одлука се должи на ставот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој смета дека истиот е донесен во нетранспарентна постапка, далеку од очите на јавноста, и со тоа Социјалдемократскиот сојуз им го одзема правото на граѓаните да бидат запознаени каков договор склучува нивната влада, од кој истите тие ќе имаат обврска. Социјалдемократскиот сојуз целосно нетранспарентно и набрзина го протурка договорот без да и овозможи на стручната и општата јавност неопходна дебата по однос на истиот, со што македонските граѓани беа ставени во подредена положба во однос на граѓаните на Република Бугарија, чија јавност и стручна фела беа запознаени со содржината на истиот, рече Перински.

 

 

 

21.10.2017 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега