На Балканот имаме најбавен интернет во Европа
Според последните истражувања, земјите од регионот на Балканот спаѓаат во група на земји кои користат најбавен интернет во Европа.
Во текстот објавен на Фејсбук профилот на Марк Цукерберг под името – Дали пристапот на интернет е човеково право?, основачот на Фејбук напиша дека пристапот на интернет е право на сите луѓе во светот без оглед на нивниот материјален и социјален статус.
Тој неодамна изјави дека станал партнер со компаниите Ериксон, Самсунг, Нокиа, Калком, за да овозможи интернет во секој дел од светот.
- Луѓето нашата идеја ќе можат да ја искористат за да речат каква држава сакаат, за да добијат здравствена нега и да се поврзат со членовите на семејството кои живеат далеку и кои не ги виделе со години – смета основачот на Фејсбук. Меѓутоа, според резултатите од истражувањето на порталот „Mashable“, земја во која луѓето имаат можност да користат најбрз интернет на светот е Јужна Кореја, додека земјите на Балканот се на самиот крај на оваа листа во Европа.
Поточно, меѓу земјите со најбрз интернет во светот не се наоѓа ниту една земја од регионот на Балканот, Латинска Америка и Африка. Истражувањето на компанијата Акамаи покажа дека брзината на интернетот во Македонија е 3,3 Mbsp, во Хрватска 3,24 Mbsp, Албанија 2,8 Mbsp, Србија 2,39 Mbsp, но од друга страна повеќе од Босна и Херцеговина каде се сурфа со брзина од 1,97 Mbsp. Исто така, компанијата Акамаи соопшти дека просечната брзина на широкопојасните врски во светот во првото тромесечје оваа година пораснала за четири отсто и моментално изнесува 3,1 Mbsp. Според тоа, речиси во сите земји на Балканот се користи интернет чија брзина е под светскиот просек.
Од друга страна, според истражувањето на порталот „Mashable“, Јужна Кореја има најбрз интернет на светот, а веднаш зад неа се наоѓаат Јапонија, Хонг Конг и Швајцарија. Според наведената студија, брзината на интернетот во Јужна Кореја е 14,2 Mbsp, а следи Јапонија со 11,7 Mbsp, Хонг Конг 10,9 Mbsp, Швајцарија 10,1 Mbsp и Холандија со 9,9 Mbsp. По Холандија следи Летонија со брзина на интернет од 9,8 Mbsp, па Република Чешка 9,6 Mbsp, Шведска 8,9 Mbsp, САД 8,6 Mbsp и десета е Данска со 8,2 Mbsp.
Во оваа студија се наоѓаат шест европски земји со најбрз интернет на светот. Швајцарија, Летонија, Холандија, Република Чешка, Шведска и Данска. Тоа значи дека Европа во просек има многу брз интернет.
Исто така, првите три места на земји со најбрз интернет ги држат азиските земји, т.е. Јужна Кореја. Јапонија и Хонг Конг, па според тоа, истражувачите на „Mashable“ тврдат дека азиските земји во просек имаат најбрз интернет на светот. Студијата од компанијата Акамаи покажа дека останатите европски земји користат многу побрз интернет од земјите на Балканот, па така во Чешка се користи интернет со брзина од 9,6 Mbsp, Австрија 7,5 Mbsp, Романија 7,5 Mbsp, Германија 8,9 Mbsp, Унгарија 6,6 Mbsp, Словачка 6,2 Mbsp и Словенија со 5,8 Mbsp.
За споредба, жителите на БиХ, земја во која се користи најбавен интернет во Европа, користат интернет кој е околу седум пати побавен од интернетот во Јужна Кореја, како и за пет пати побавен од интернетот кој го користат Чесите и Летонците.