ВМРО-ДПМНЕ: СДС забрзано ја задолжува државата за стотици милиони евра

 

 

Владата за само 5 месеци без никакво објаснување и реален основ ја задолжи државата и граѓаните за вртоглава сума од над 360 милиони евра, а од државните резерви испумпа 180 милиони евра. Тоа се над половина милијарди евра или неверојатни 540 милиони евра, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Вкупниот јавен долг со секој нов ден достигнува историско ниво, без да се каже на што и како се трошат парите кои со камата утре ќе ги враќаат граѓаните и идните генерации на Република Македонија. СДС и Заев во предизборниот период ветуваше дека нема да ја задолжува државата и граѓаните. СДС и Заев ветија. СДС и Заев излажаа, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека забрзаното темпо на задолжување од владата на СДС и Заев е закана за економска стабилност на Република Македонија.

-Владата на СДС и Заев ги задолжува граѓанитем, а на сметка на тоа нема најава за започнување на ниту една капитална инвестиција од која граѓаните ќе имаат најголема придобивка. Заев и неговите функционери од расипничката влада водат сметка само за нивниот луксузен и комотен живот, а не за интересите и потребите на граѓаните. СДС и Заев вршат големо финансиско злодело со неоснованото задолжување и за ова мора да има одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

22.10.2017 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега