Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е и останува голема партија - одбележување на 23 Октомври ќе се одржи во Штип

 

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи информираше дека централната прослава по повод празникот 23 Октомври ќе се одржи во Штип во организација на партијата.

Браќа и сестри, во предвечерието на големиот државен празник, денот на македонската револуционерна борба 23 октомври, и 124 години од формирањето на ВМРО, организацијата која е дел од кодот на Македонецот и составен дел од стремежот за слобода и независност, сакам да Ве информирам дека главниот настан ќе се одржи во Штип во 13h во културниот дом Ацо Шопов, на што ќе му претходи положување на свежо цвеќе пред споменикот, посветен на основачите на организацијата во Скопје. Воедно бидејќи повеќе луѓе ме прашуваат, сакам да посочам дека ВМРО-ДПМНЕ не е организатор на настанот во понеделник вечер во City Hаll центарот. Очигледно некому му е потребна намерна и свесна забуна, што говори дека сметките на крајот не им излегуваат онакви на какви се надевале. ВМРО-ДПМНЕ е и останува голема партија. Партија на народот и за народот, дел од кодот и најсветите чувства за државност и слобода.
Со неизмерна почит кон великаните…,пишува Мицкоски на Фејсбук.

 

 

 

22.10.2017 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега