ВМРО-ДПМНЕ: Ниту една влада на СДС не изгради ниту еден проект за Гази Баба
Ниту една влада на СДС не изгради ниту еден проект за Гази Баба. За 5 месеци владата на Зоран Заев нема ниту еден предвиден или изграден проект за Гази Баба, за илустрација градоначалникот Тони Трајковски за 5 месеци изгради 10 километри асфалтирани патишта, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавата на Борче Георгиевски.
-Бидејќи кандидатот за градоначалник на СДС, Борис Георгиевски говори за Стајковци и Автокоманда, ВМРО-ДПМНЕ само за овие две места предвидува десетици конкретни проекти како: Изградба на нова детска градинка тука во Стајковци, градбата беше одложена поради тоа што новата влада на СДС со ребалансот на буџетот ги укина средствата кои владата на ВМРО-ДПМНЕ ги намени за нејзина градба. Општината со сопствени средства ќе ја изгради. Изградба на нова фискултурна сала во Стајковци. Набавка на нов училишен мебел и инвентар за училиштето „Св. Кирил и Методиј“. Изградба на нов регионален спортски центар помеѓу Стајковци и Црешево. Носење на урбанистички план за Стајковци. Инвестиции во водоснабдителната мрежа во Стајковци, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека за Автокоманда, Борис Георгиевски јавно кажа дека ќе крати од зеленилото за да се градат куќи.
-Ние за Автокоманда предвидуваме: Проширување и инвестиции во нови зелени површини. Реконструкција и инвестиции во водоводната мрежа тука во Автокоманда. Реконструкција и инвестиции во канализационата мрежа во Автокоманда. Комплетно осветлување на трговскиот центар во Автокоманда. Нови автобуски постројки. Реконструкција и уредување на просторот пред домот на културата. Изградба на нови пешачки патеки. Изградба на велосипедска патека кон Триангла и кон Хиподром. Изградба на нови паркинг места и пристапни улици во Автокоманда. Реконструкција на ОУ „Стив Наумов“. По завршувањето на водоводната мрежа по должината на ново предвидениот булевар „Хрватска”, ќе се создадат услови за изградба на нова водоводна мрежа, со пумпна станица и резервоар за населбите Железара и Автокоманда, со што ќе се подобри водоснабдувањето во овие две населби. Граѓаните на општина Гази Баба ја гледаат разликата. Граѓаните на општина Гази Баба сфатија дека СДС и Борис Георгиевски се што презентираа досега беа уцени, лаги и празни ветувања. Затоа во вториот круг граѓаните ќе ги казнат СДС и Борис Георгиевски, велат од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа