Трагедедија утринава во Македонија: Во сообраќајка загина 18-годишно девојче

Осумнаесетгодишна девојка од Битола загинала во сообраќјна несреќа на патот Прилеп-Битола, денеска околу 11.30 часот, извести МВР.

Девојката била совозач во фиат браво кое го управувала нејзина 38-годишна блиска роднина. Бравото излетало од патот во близина на селото Тополчани.

На лице место починала 18-годишната девојка, додека жената-возач била пренесена во битолскиот медицински центар каде и се констатирани телесни повреди.

Полицијата врши увид на местото на несреќата.

 

 

 

 

23.10.2017 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега