ЕК задоволна од потпишувањето на Извештајот за 24. декември

Потпишувањето на извештајот на Комисијата за расчистување на настаните од 24.декемви, ја израдува Европската Комисија. Оттаму велат дека со овој чекор, Македонија покажала политичка зрелост и го исполнила најтешкиот услов од мартовскиот договор.

Комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе, вчера попладне ја поздравил успешно завршената работа на ад-хок Комисијата, особено што извештајот за собраниските настани од 24. декември е усвоен со консензус од страна на сите политички партии, пренесува дописникот на Нетпрес од Брисел.

-Ова покажува дека конструктивните решенија можат да се најдат со политичка волја, преку дијалог и компромис. Со нетрпение ја очекувам и имплементација на препораките содржани во извештајот, како и на остатокот од политички договор од први март. Ја ценам голема улога на експертите на Европската Унија кои им помагале на членовите на Комитетот во нивната работа. Постигнатиот резултат од страна на Комитетот помага во решавањето на домашните политички прашања, но исто така, покажува и дека интеграцијата во ЕУ продолжува да биде важен за сите политички партии во земјата, изјавил Филе, пренесува Нетпрес.

Развојот на политичката сцена во земјава ќе земе удел во претстојниот Извештај од ЕК за напредокот на Македонија, кој и оваа година се очекува да биде објавен на 16. октомври.

27.08.2013 - 10:54

најчитано сега