Излетала од колата додека се превртувала - млада битолчанка почина на лице место

Во текот на вчерашниот ден во 11 часот и 30 минути на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај селото Тополчани, се случила сообраќајна незгода во која 38-годишната О.М.К. од Битола, управувајќи патничко возило „Фиат Браво“ со битолски регистарски ознаки, поради неприлагодена брзина кон условите и состојбата на патот, изгубила контрола над возилото и излетала од патот.

Возилото неколку пати се превртело, а совозачот, 18-годишната Ј.К.  испаднала од возилото и починала на местото на настанот.

Екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт. О.М.К. била пренесена во Медицински центар Битола каде не и биле констатирани повреди.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп.

 

 

 

24.10.2017 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега