Ѓорчев: Општата небезбедност која граѓаните ја чувствуваат ќе ја испорачаат како незадоволство кон Владата

 

Македонија е соочена со барање на промена на името и идентитетот. Тоа сите го знаеме. Македонија е соочена со агенда која гледаме дека едноставно постои и меѓународни договори во кои ние се откажуваме од некои работи кои што се дел од македонското битие.

Ова денеска во гостувањето во Телевизија Алфа го истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, говорејќи за тоа зошто меѓународната заедница и странските амбасади ги премолчуваат изборните нерегуларности.

 

-За многу помало дело 4 години оди човек во затвор, за скршен череп и за претепан градоначалник – прекршночна пријава и нема никаква казна и нема никаква санкција. Таа „демократија“ на СДСМ овој народ ја има видено. Овој народ ја има видено и во ‘95 и во ‘96 и ‘97 година. Се излизгува небезбедноста во Скопје и низ цела Македонија, истакна Ѓорчев.

Според него, општата небезбедност граѓаните на Република Македонија ќе ја почувствуваат, додавајќи дека тоа и во моментот се случува. Ѓорчев вели дека таа несигурност граѓаните ќе ја испорачаат како незадоволство кон актуелната Влада.

-Актуелната Влада не води сметка за безбедноста, не води сметка за изборите и најважно, не води сметка за економијата. Ние имаме ситуација каде што ниту една фабрика во моментот не разгледува да дојде во Македонија. Каде ќе се вработат младите? Како ќе ги задржиме младите во Македонија? Како ќе се развиваме економски?, прашува Ѓорчев.

Нагласи дека во ниту еден град нема најава за отворање на каква било фабрика, додавајќи дека не постои ниту еден град во Македонија каде не се потребни нови работни места, кои би дошле преку странските и домашните инвестиции.

-Кога беше ВМРО-ДПМНЕ, кога беше Груевски најави за нови фабрики имавме секој месец или два. Сега нема абер од тоа, посочи Ѓорчев.

 

 

 

 

25.10.2017 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега