Тепачка меѓу ученици во скопски автобус - едно момче префрлено во болница

Во Градската општа болница „Наум Охридски“ вчера било примено 15-годишно повредено момче., стои во денешното соопштение на МВР. Имено, момчето се здобило со повреди при физички напад во градски автобус, кој се случил на булеварот „Партизански одреди“. Момчето било нападнато од повеќе ученици.

Од страна на лекар констатирани му се телесни повреди и е пуштен на домашно лекување.

 

 

 

26.10.2017 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега