Напад врз полицајци во Скопје

Од страна на полициски службеници од единицата „алфа“, вчера во полиција било пријавено дека на влезот во селото Долно Свиларе - Скопје го уапсиле 36-годишниот Ш.Л за кој имало централна потерница.

Како што стои во соопштението од полицијата,Ш.Л. најпрво се обидел да ги нападне полициските службеници удирајќи со неговото возило директно во нивното. Полициските службеници биле надвор во возилото и не се здобиле со повреди.

Веднаш потоа Ш.Л бил приведен во Полициската станица - Ѓорче Петров.

 

 

 

26.10.2017 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега