Се заканувал со нож и барал седативи - драма во прилепско

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 52-годишниот Д.Б. од село Ново Лагово, Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени  кривични  дела “разбојништво“  и “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Имено, пријавениот влегол во аптека и со закана со нож побарал од вработениот да му даде седативи, но вработениот повикал полиција. По пристигнувањето на полициските службеници, пријавениот им упатил закани и давал отпор, замавнувајќи со нож кон полициските службеници.

 

 

 

26.10.2017 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега