Вештаците утврдиле дека смртта кај родилката од Гевгелија настапила насилно

Во велешкиот суд денеска има ново рочиште за анестезиологот  и двајцата  гинеколози  од гевгелиската болница кои се обвинети за смртта на родилката во Гевгелија и нејзиното новороденче.

Обвинителството ја запре истражната постапка против другиот анестезиолог кој во меѓувреме почина. На денешното рочиште пред судот за прв пат се појавија вешти лица од Институтот за судска медицина. Според она што го кажа едно од вештите лица смртта кај родилката настапила насилно, како резултат на задушување, најверојатно од процесот на интубација. 

Овој случај предизвика бура од реакции во јавноста особено поради фактот дека двајцата анестезиолози биле пијани за време на породувањето. 

Родилката Маја Кадиева и нејзиното новороденче починаа пред две години кога жената требаше да го донесе на свет своето второ дете.

 

 

 

26.10.2017 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега