Прилепчанец претепан поради неплатен долг

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против 32-годишниот Д.Х.К. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. 

Тој во населбата „Точила“ во Прилеп, Т.Б. бил пресретнат од возило „БМВ“ во коешто бил пријавениот и уште едно лице, при што после вербална расправија, околу наводен долг, пријавениот го удрил со тупаница, му ги зел клучевите од возилото, и му се заканил дека треба нему и на совозачот од возилото да им дава по 50 евра за секој ден неплатен долг.

 

 

 

26.10.2017 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега