Денеска ќе бидат изнесени завршните зборови во случајот со милионскиот грабеж од НЛБ банка

Во кривичниот суд денеска ќе бидат изнесени завршните зборови во случајот со милионскиот грабеж на пари од НЛБ банка во Скопје.

Четворицата обвинети на минатото рочиште го признаа кривичното дело, но не открија што направиле со украдените пари.

Обвинетите искористувајќи ја својата работна позиција и познавањето на процесите на работата во банката, на еден датум украле 400.000 швајцарски франци и 375.000 евра, а на друг датум 2 милиони швајцарски франци и 270.000 евра.

За кривичните дела, тешка кражба и затајување, за кое се товарат обвинетите, предвидена е затворска казна од три до 10 години, односно од една до 10 години.

Надлежниот обвинител, кој го води предметот, до судот доставил и обвинителен предлог против други четири лица, кои како одговорни лица во банката постапиле несовесно со што ја овозможиле кражбата. Тие се товарат за несовесно работење во службата. Постапката за нив продолжува одвоено.

 

 

 

27.10.2017 - 08:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега