Пожар во Скопје - изгоре домот на скопјанец

Вчера, околу 17 часот избувнал пожар во домот на 34-годишниот Х.Б. од село Рашче - Скопје.

Пожарот избувнал на првиот кат од куќата, при што целосно била опожарена цела покуќнина. Сопственикот со помош на локалните жители успеал да го изгасне пожарот.

На лице место пристигнала екипа од Бригадата за противпожарна заштита, но немало потреба од интервенција.

Според информциите од МВР, во пожарот нема настрадани ниту повредени.

 

 

 

27.10.2017 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега