Струмичанец фалсификувал пари и пазарел на каванташки пазар

Струмичанец фалсификувал 20 евра и ги употребил на кванташки пазар во Струмица да купи пипер.

Секторот за внатрешни работи во Струмица поднесе кривична пријава против 59- годишниот Е.И од село Баница, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

Од полицијата во Струмица, преку соопштение известуваат дека пријавениот на кванташкиот пазар во Струмица при купување на пиперки употребил фалсификувана банкнота од  20 евра. 

 

 

 

27.10.2017 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега