ВМРО-ДПМНЕ: За намалување на невработеноста во Гази Баба се предвидуваат голем број на инвестиции и изградба на нова индустриска зона
Продолжуваат манипулациите на Борче Георгиевски и СДС. Зоран Заев и СДС се на власт веќе 5 месеци и се задолжија со 540 милиони евра за кои не направија апсолутно ништо, не почнаа, па дури не ни имаат најавено некој капитален проект кој би бил од интерес за граѓаните. Граѓаните знаат дека кога СДС ветува, всушност изборно манипулира, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДС во Општина Гази Баба нуди реални проекти, остварливи проекти со конкретни датуми и нивна реализација кои се доказ дека се што се ветува ќе биде исполнето. Во програмата на кандидатот за градоначалник, Тони Трајковски, се предвидува асфалтирање на улици, изградба на атмосферска канализација, уредување на каналот низ Сингелиќ, уредување на фудбалскиот стадион и изградба на соблекувални на истиот, изградба на спортска сала во училиштето, како и изградба на нови градинки, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:
„За намалување на невработеноста која е научна фантастика за СДС, во општина Гази Баба се предвидуваат голем број на инвестиции, како и изградба на нова индустриска зона. Исто така предвидена е и изградба на влез и излез на автопатот се со цел за подобра конекција на граѓаните на општина Гази Баба со другите населени места. Ова се проекти кои се насочени кон подобрување на животот на граѓаните, нешто што СДС уште долго нема да го разбере. Граѓаните на Гази Баба видоа колку СДС мисли на нив и нивните потреби во изминативе пет месеци, во кои владата нема поместено ниту една цигла во општината. СДС нема програма за општина Гази Баба, ниту јасно дефинирани цели. Гази Баба и нејзините граѓани имаат потреба од чесни и искрени луѓе кои работат и го остваруваат ветеното“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа