Тешка несреќа кај Табановце, повредени мајка и дете

Во 19 часот и 35 минути на автопат Скопје-Граничен премин-Табановце, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Нексија“ со скопски регистарски таблички, управувано од 42-годишниот И.Ј. од селото Марино-скопско и патничко возило „Фолксваген Туарег“ со романски национални ознаки управувано од 52-годишниот Д.П. од Романија.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „Нексија“, 35-годишниот С.Ј. од Скопје, а со телесни повреди се здобило 11 годишно дете од истото возило по што биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје каде што им е укажана лекарска помош и биле задржани на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

28.10.2017 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега