Битолчанка отишла да извади пари од банкомат - ја нападнале и ограбиле

Во текот на вчерашниот ден во 09 часот и 30 минути било пријавено дека во Битола на вториот кат од Новиот пазар, непознат сторител извршил разбојништво над 41-годишната Д.Ѓ. од Битола.

Полицијата информира дека додека жената вадела пари од банкомат, насилникот и пришол од зад грб, ја турнал и од рака и го грабнал паричникот во кој имало 5.000 денари.

Сторителот ги одзел парите, по што паричникот го фрлил и го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

 

 

 

28.10.2017 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега