Манијак од Радовиш фатен на дело додека се обидувал да силува девојка

Дваесет и едногодишен радовишанец доби 30 дневен притвор, откако на лице место бил фатен од полицаец додека се обидувал да силува струмичанка.

Како што информираат од МВР, во полициската станица во Струмица било пријавено дека од почетокот на февруари па се до овој месец, во вечерните часови манијак ги напаѓал жените и се обидувал да ги силува.

-Според документираните сознанија од истрагата сторителот во периодот од февруари годинава до крајот на овој месец, на подрачјето на Струмица, поточно на улиците “Максим Горки“, “Маршал Тито“, “Киро Абрашев“, “Ката Поцкова“ и други, најчесто во периодот од 19,00 до 23,00 часот, извршил повеќе кривични дела на начин што им приоѓал од зади на женски лица и потоа со едната рака ги фаќал за уста а со другата ги фаќал за гениталиите и градите, а по брзата реакција и барање помош од нападнатите веднаш се давал во бегство.

На 26-ти овој месец, околу 19 часот на улицата “Мити Хаџи Василев  Јасмин“  во Струмица,  во моментот на извршување на  кривичното дело А.М. е фатен на лице место од страна на полициски службеник, по што  веднаш е лишен од слобода и приведен во СВР Струмица. На  предлог на Јавниот обвинител од Струмица, од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот му  е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека  против  него поднесена е кривична пријава поради постоење на основано соменение дека пријавениот сторил три кривични дела “силување во обид“ по чл. 186 а во врска со член 19 од КЗ на РМ.

 

 

 

28.10.2017 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега