Тешка сообраќајка кај Македонски Брод: Маж се бори за живот на скопските клиники

На патот Македонски Брод - Кичево се случило сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и автобус.

Од полиција соопштуваат дека околу 08 часот и 30 минути на регионалниот пат Македонски Брод–Кичево, на место викано „Ижички Анови“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Волксваген Каравеле“ со кичевски регистарски ознаки управувано од 49- годишниот С.З од Кичево, и автобус „Сетра С315“ со прилепски регистарски ознаки управуван од 53- годишниот Р.Д од село Дебреште, прилепско.

По незгодата, С.З. со возило на Итна медицинска помош е префрлен во Јавна здравствена установа Македонски Брод од каде е препратен во Јавна здравствена установа Прилеп каде што му се констатирани тешки телесни повреди (скршеница на двете нозе, десна рака и граден кош), и поради сериозноста на истите е препратен во Ургентен центар Скопје на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Македонски Брод.

 

 

 

29.10.2017 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега