Тешка кражба на куќа во Скопје

Тешка кражба на куќа во Скопје.

Полицијата извести дека вчера во 23 часот и 30 минути лицето 45- годишниот В.Н од Скопје, пријавило дека истиот ден во времето од 20.00 до 23 часот и 45 минути на улица Пехчевска од страна на двајца непознати сторители извршена е тешка кражба при што одземен е разновиден златен накит и 50.000 денари со што сторителите се стекнале со противправна имотна корист од околу 270.000 денари.

Кражбата сторителите ја извршиле на тој начин што влегле преку терасата. При напуштањето на куќата, тие се сретнале со сопственикот на куќата, кој во меѓувреме се вратил дома. Тој се обидел да ги спречи, но двете лица успеале да избегаат.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

29.10.2017 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега