Неправилности во гласањето во Кисела Вода

Вчера за време на гласањето на стари и изнемштени лица, на гласачко место во Кисела Вода се забележани нерегуларности.

Од МВР известуваат дека првата е направена вчера во 12 часот и 17 минути во Полициска станица Кисела Вода се јавил претседателот на Општинската изборна комисија Кисела Вода и пријавил дека истиот ден околу 11,00 часот на улица „Јабланица“ кај лице кое е старо и изнемоштено и затоа гласало во својот дом во присуство на Избирачка комисија во состав од претседател и тројца членови, откако лицето гласало, еден член на комисијата го сликал неговото гласачко ливче.

Истиот ден, но нешто подоцна во 14 часот и 20 минути член на Општинска избирачка комисија Кисела Вода, пријави дека при разнесување на гласачки материјали на гласачко место број 2746 лоцирано во Месна заедница "11-ти Октомври" од страна на претседател на Избирачкиот одбор сликан е кочан со гласачки ливчиња со број на избирачко место.

Полицијата работи на расветлување двата случаи.

 

 

 

29.10.2017 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега