Вооружен грабеж во две скопски обложувалници и маркет во Скопје

Во текот на вчерашниот ден се извршени три грабежи на теритотијата на Скопје, и тоа два во спортски обложовалници и еден во маркет.

Вчера околу 21 часот и 40 минути вработен во спортска обложувалница „Спорт Лајф“ лоцирана на улица „Лондонска“, пријавил дека три маскирани лица со закана со пиштоли извршиле разбојништво при што ги одзеле парите од дневниот промет, а потоа го напуштиле местото на настанот. 

Од Мвр известуваат дека иститот ден околу 21 часот и 30 минути, пријавено е дека во спортска обложувалница „Спорт Лајф“ лоцирана на улица „Франц Прешерн“ во населба Влае, три маскирани лица, вооружени со пиштоли, извршиле разбојништво при што од вработените ги одзеле парите од дневниот промет, а потоа го напуштиле местото на настанот. 

Малку пред тоа во околу 21 часот и 05 минути полицијата извести дека С.С., пријавила дека истиот ден околу 20 часот 30 минути  во маркет „Стокомак“ лоциран на булевар „Мајка Тереза“, забележала две непознати лица како одземаат производи, при што се обидела да задржи едно од лицата, но била физички нападната, а потоа двете лица го напуштиле местото на настанот.

Полицијата превзема мерки за расветлување на сите три кражби.

 

 

 

29.10.2017 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега