Ограбен странски државјанин на Камени мост

Неколку непознати машки лица вчера го ограбиле С.М. од Јапонија, додека се движел по Камениот мост во правец кон Старата чаршија.

Крадците му одзеле 25.000 денари и 5.000 јапонски јени.

Како што информира денеска МВР, крадците го пресретнале С.М., а еден од нив му рекол да им покаже јапонски пари.

- С.М. го извадил паричникот во кој имал 25.000 денари и 5.000 јапонски јени, а едно од лицата му го грабнал паричникот и избегало, се наведува во МВР Билтенот. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите. 

 

 

 

29.10.2017 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега