Жена повредена во сообраќајка кај Страцин

На магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, синоќа се случи сообраќајна несреќа во која е повредена 50-годишна жена од Скопје, сопатник во возилото.

Според информации од Министерството за внатрешни работи, во 18 часот и 15 минути возило марка „шевролет каптива“ управувано од Р.Н., роден 1970 година, кое се движело од село Страцин кон Крива Паланка, удрил во крава со предната лева страна на возилото, при што ја усмртил на лице место.

Незгодата се случила во момент кога сопственикот преминувал со кравите преку магистралата кај местото викано Чатал, автомобилот удрил во животното и го усмртил, а при ударот со телесни повреди се здобила сопатничката во возилото, З.Н., од Скопје

Со возило на брза помош жената била пренесена во кумановската болница, каде биле констатирани лесни телесни повреди и е укажана лекарска помош.

 

 

 

 

29.10.2017 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега