Трагедија кај Ѓавато: Еден почина на лице место, друг возач на Ургентен

36-годишниот моторџија Б.А. загина, а друг моторџија е повреден при тешка сообраќајна несреќа на два мотора која се случи денес околу 14 часот и 50 минути на патот Битола – Ресен, во близина на црквичката кај Ѓавато.

- „Од Итната медицинска помош ни е пријавено дека на местото на несреќата подигнале двајца повредени моторџии. За жал, едното лице им подлегнало на повредите на патот за битолската Клиничка болница. Другото е однесено на лекување во болница“, вели Лефтерија Миленкоска, портпарол на СВР Битола.

 

 

 

29.10.2017 - 17:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега