Познат идентитетот на мотоциклистот кој загина во Битола

Триесет и шест годишниот А.Б. од Битола е лицето кое вчера го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случи на магистралниот оат Ресен-Битола.

Од полицијата информираат дека околу 14 часот на местото викано Дервен, А.Б. управувајќи мотор „Сузуки“ поради неприлагодена брзина излетал од патот и се здобил со тешки повреди.

 

Мотоциклистот починал на пат кон битолската болница каде лекарите можеле само да ја констатираат смрт.

На местото на несреќата полициски екипи извршиле увид во присуство на Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција.

 

 

 

30.10.2017 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега