Скопјанец ја претепал сопругата и го давел синот - завршил на Ургентен

Во полицијата во Кисела Вода синоќа 50-годишната Ж.П. пријавила семејно насилство од страна на нејзиниот сопруг.

Според пријавата на несреќната жена, додека таа била во кујната од семејната куќа, нејзиниот сопруг, 57-годишниот Л.П. кој бил пијан, а со кого водат постапка за развод, физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, при што и нанел расекотини, црвенило и модринки.

Нивниот син, 22-годишниот Д.П. кој бил сведок на настанот, обидувајќи се да ги раздели бил нападнат од неговиот татко кој го удирал со тупаници, го фатил за врат и почнал да го дави, нанесувајќи му видливи повреди. За кратко време Л.П. повторно ја нападнал Ж.П. и при тоа ја искршил целата покуќнина од кујната и останатиот дел од куќата.

Околу 12 часот и 30 минути од Ургентниот Центар во Скопје пријавено било дека  сопругот има убодна рана од остар предмет во пределот на грбот над бубрезите, како и повреда на пршлен, прободена слезина и прободен бубрег.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.  

 

 

 

30.10.2017 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега