Естонец ограбен во Скопје, му зеле се што има

 

Естонски државјанин е ограбен вчера кога од неговото возило паркирано на булеварот „Гоце Делчев“ украдени се ранец со документи и патни торби со што е причинета материјална штета од околу 30 илјади денари.

Полицијата денеска соопшти дека вчера е пријавено дека во периодот од 12 часот и 30 минути до 13 часот и 30 минути од возилото „волво XC60“ на 46-годишниот естонец К.Ј. одземени се ранец со документи, три патни торби со женска спортска облека и женска козметика и две патни торби со машка гардероба и машка козметика.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

30.10.2017 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега