Странец ограбен во Скопје - од автомобилот му одзеле се што имал

Естонски државјанин е ограбен вчера, кога од неговото возило паркирано на булеварот „Гоце Делчев“ украдени се ранец со документи и патни торби со што е причинета материјална штета од околу 30 илјади денари.

Полицијата денеска соопшти дека вчера е пријавено оти во периодот од 12:30 до 13:30 часот од возилото „волво XC60“ на 46-годишниот естонец К.Ј. одземени се ранец со документи, три патни торби со женска спортска облека и женска козметика и две патни торби со машка гардероба и машка козметика.

 

 

 

30.10.2017 - 16:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега