Газета Лајм: Албанците се подготвуваат за протести во Македонија

 

Албанската опозиција во Македонија се подготвува за големи протести, пишува Газета Лајм, повикувајќи се на извори од БЕСА.
„Предупредувањата доаѓаат од претставници на Движењето Беса, партија која во вториот круг од локалните избори се натпреваруваше заедно со Алијансата за Албанците , во коалицијата Алијанса со Беса“, пишува Газета Лајм.
Функционерот на Движењето Беса, Емад Мехмети, навести дека протестите може да бидат одговор на нерегуларностите и “изборната кражба” на локалните избори.

 ” Тоа не го може никој друг со кражби и измами, освен државата и власта да ги деформираат изборите, заедно со полицијата и мафијата, за да ја утврдат судбината на нашите општини, така што е време за.. …”, пишува Мехмети на Фејсбук, без да го спомне зборот протести, но јасно алудирајќи со објавувањето на фотографии од големите протести на 9 мај, минатата година.
Од Алијансата за Албанците нема коментар за протестите. Иако оваа партија по изборите излезе со став дека не ги признава резултатите директно обвинувајќи ги за тоа своите партнери во Владата, СДСМ и ДУИ, денеска од партијата на Села со став дека нема разлики во ставовите меѓу владините партнери и дека остануваат во таборот на Заев.

 

Лајм пишува дека албански аналитичари проценуваат дека протестите може да бидат единствениот одговор кон владата доколку не се почитува волјата на Албанците на овие избори кои според нив, ја поддржале опозицијата, но тоа не се ефектуирало поради поддршката што ДУИ ја доби од македонските гласачи.

 

 

 

31.10.2017 - 18:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега