Утре прва седница по изборите: Собраниското мнозинство остана без кворум
Собраниското мнозинство може да остане без кворум за работа во Собранието доколку утре пратениците на ВМРО-ДПМНЕ решат да не дојдат во Собранието на седницата која ја закажа Талат Џафери.
Со оглед на тоа дека 5 пратеници на СДСМ станаа градоначалници, а мнозинството во Собранието е тенко, математички можно е СДСМ да нема 61 пратеник во салата за да може да се гласа за да се констатира престанокот на мандатот на пратениците кои се веќе избрани за градоначалници.
Вакви точки нема на дневниот ред за утрешната седница кој може да се најде на веб страната на Собранието. Сепак, тие можат да се додадат пред почетокот на седницата доколку се утврди дека постои кворум за тоа.
Високи извори од ВМРО-ДПМНЕ за Press24 велат дека ќе присуствуваат на седницата бидејќи таму ги претставуваат граѓаните кои им дале мандат на изборите.
Утрешната ќе биде прва седница на Собранието по изборите. Почетокот е закажан за во 11 часот.
На Петре Шилегов, Стефан Богоев, Сашо Поцков, Максим Димитриевски и Коста Јаневски им престанува пратеничкиот мандат бидејќи станаа градоначалници.Место нив влегуваат во Собранието Татијана Лалчевска, Анета Симеска-Димоска, Лидија Тасевска, Ристе Ташев, Костадин Костадинов
На седницата треба да се констатираат и оставките на Биљал Касами, лидер на Движењето Беса и на пратеникот на ДПА Бардиљ Даути, кои ги дадоа уште пред оддржувањето на локалните избори
Ако Собранието ги прифати оставките на Лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами и на пратеникот на ДПА Бардиљ Даути, на нивни места влегуваат Неџбедин Каремани и Мерал Узеири Ферати.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа