ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС вчера ги задолжи граѓаните со нови 71 милион евра

 

СДС со ништо не може да го прикрие своето расипничко трошење, неспособност и безидејност во водење на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Владата на СДС вчера ги задолжи граѓаните на Република Македонија со нови 71 милион евра. Со тоа сумата со која што ја задолжи државата оваа расипничка и недомаќинска влада на Заев се искачи за над 431 милиони евра. Ова не им беше доволно на СДС, па од државните девизни резерви без посебно објаснување испумпаа 180 милиони евра, тоа се неверојатни  611 милиони евра. Вкупниот јавен долг со секој нов ден достигнува историско ниво, без да се каже на што и како се трошат парите кои со камата утре ќе ги враќаат граѓаните и идните генерации на Република Македонија, потенцираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат и дека СДС, Заев и Тевдовски за само пет месеци  го задолжија  секој граѓанин на Република Македонија за 18.788 денари. СДС ја задолжува државата, а притоа нема најава за започнување на ниту една капитална инвестиција. Дополнително на ова Заев и неговото неодговорно делување ги укинува и блокира сите проекти започнати од ВМРО-ДПМНЕ.

-Очигледно е дека единствена работа на владата на СДС е само задолжување на граѓаните. Економијата е пред распад, а на државата и се заканува крах во сите сфери. Ова лудило треба веднаш да запре, а СДС, Заев и Тевдовски да одговараат пред граѓаните за ова финансиското злодело. Забрзаното темпо на задолжување од владата на СДС и Заев е закана за економска стабилност на Република Македонија, исткнаа од партијата.

 

 

 

 

01.11.2017 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега