Ѓорчев: Секој глас за ВМРО-ДПМНЕ е заслужен и изборен, СДСМ победи со големи неправилности, тие треба дадат оставка
Владимир Ѓорчев член на Извршниот Комитет и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување на Топ Тема на Телма констатираше дека секој глас на ВМРО-ДПМНЕ е залужен и изборен, а градоначалниците на СДСМ победија со страв и купени гласови. Токму поради тоа иако ВМРО-ДПМНЕ не го признава изборниот резултат, градоначалниците и советниците на ВМРО-ДППМНЕ нема дадат оставка бидејќи нивните гласови се заслужени. Според Ѓорчев оставка треба да ја дадат градоначалниците и советниците на СДСМ кои победија како резултат на стравот и поткупот.
Ѓорчев истакна дека никогаш во својата политичка кариера нема видено толкав број на полициски службеници на изборните места. Психолошкиот притисок врз гласачите, членовите на ВМРО и локалните организатори кои се мотор на партијата бил огромен. Голем дел од нив биле лично таргетирани носени во полициски станици и против нив биле поднесувани кривични пријави. За овие случаи има доволно докази како на пример снимката каде полицаец пред домот на постар господин сака физички да се пресмета со него и изнесува низа на закани ,, Доколку така се однесува полицијата пред 20 луѓе сведоци и камери, замислете што прават по темни улички кога нема луѓе во близина или пак по некои рурални средини’’ додаде Ѓорчев.
Во Росоман биле евидентирани голем број на полициски службеници и ЕБР каде стотина гласови одлучуваат кој е победник. За Ѓорчев доволно говори фактот што никогаш во 27 години независност немало помал број на независни кандидати, во 36 општини имало само два кандидати на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ тоа е случај во 95 проценти од општините во источна Македонија. За Ѓорчев тоа е доволен доказ дека во Македонија луѓето не се осмелуваат да се кандидираат како независни кандидати и во случај на страховлада.
Ѓорчев го спомена и фактот што Жерновски се откажа од кандидатурата, тој ги собрал потребниот број на потписи да се кандидира за градоначалник па во рок од 24 после низа обвинувања од страна на медиумите блиски до СДСМ, тој ја повлече кандидатурата и ретерираше. Тоа е операција за супресирање на кандидатите, во македонија има регресија на политичкиот процес потенцираше пратеникот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа