Работници од Скопје паднаа од кран на висина од 10-15 метри
Двајца работници од Скопје паднале од кран додека поставувале вентилација во фабриката „Макстил“ и се здобиле со тешки повреди.
Несреќата се случила вчера во 13 часот кога 19-годишниот М.В. од Скопје и 34-годишниот И.К. од Миладиновци поставувајќи вентилација во фабриката Макстил, паднале од кран и се здобиле со тешки повреди. Двајцата скопјани паднале на висина од 10-15 метри.
Повредените биле веднаш префрлени на Ургентниот центар во Скопје каде им е укажана лекарска помош.